Одредбите коишто следат ги уредуваат условите за користење на „TechPack “ платформата.
§ Дефиниции
1. Корисник. „Корисник“ се дефинира како секое физичко лице или правно лице, кои се има регистрирано на платформата и има свој кориснички налог, односно на TechPack интернет страницата и кое ги прифатило овие Услови за користење, како и Политиката на приватност на „TechPack“ Во понатамошниот текст какоКорисник.
2. Платформа. „Платформа“ се дефинира како целокупноста на интернет страницата TechPack која во себе вклучува комбинација на повеќе елементи составени од компјутерски код, графички дизајн, целосното корисничко искуство, услугите кои се нудат и даваат и слично.
3. Профил.„Профил“ за целите на овие Услови за користење ќе претставува посебен дел од Платформата на кој Корисникот ќе биде должен да го пополни со негови информации, со цел користење на услугите на Платформата.
4. Зделка. „Зделка“ за целите на овие Услови за користење ќе претставува понуда од страна на Корисникот која се прикачува на страницата за бесплатно преземање од страна на другите Корисници за која од моментот на нејзиното прикачување до нејзиниот истек мора да помине временски период од 3 месеци.
5. Администратор. „Администратор“ претставува физичко лице, претходно обучено на каков било начин и авторизирано како Администратор од страна на Платформата, кое во интерес на одржување и регулирање на платформата ја користи таквата обука и своите вештини во насока на имплементација на овие Услови за користење.
5. Интелектуална сопственост. „Интелектуална сопственост“ за целите на овие Услови за користење ќе значи сите права кои произлегуваат од или во врска со дизајни, логоа, трговски марки, компјутерски код и софтвер, имплементацијата на таквиот код и/или софтвер, дизајнот на корисничкото ускуство, авторските права, податоците (не вклучувајќи ги личните податоците на Корисниците), информациите во врска со Платформата.
§ Општи одредби
TechPack (во понатамошниот текст и како „Ние“) сака да ги поддржи микро, малите и средните (традиционални) бизниси да зачекорат во дигиталниот свет, да иновираат сo што ќе станат попрофитабилни и поуспешни.
За таа цел е креирана оваа веб страна која содржи низа алатки, сервиси, предизвици и едукација прилагодена за овие компании.
TechPack ќе ги опфати следните бизнис сфери: бизнис, дизајн, софтвер, маркетинг, продажба, подршка и продуктивност.
Овие Услови за користење се јавно и лесно достапни и Корисникот може во секое време да се информира за одредбите на овие Услови за користење. Се смета дека Корисникот кој континуирано ја користи Платформата е запознаен во целост со овие Услови за користење.
TechPack го задржува правото, во секое време, да направи делумна или целосна промена на овие Условите за користење, за што за секоја промена на истите ќе го информира Корисникот на неговата електронска пошта, со што промените ќе ги обележи со поголема величина
§ Регистрирање на TechPack
При процесот на регистрација, Корисникот потврдува дека ги прифаќа овие Услови за користење и Политиката на приватност.
Со регистрација на платформата Корисникот изјавува дека е согласен да ги приложи своите информации како што тоа е уредено во Политиката на приватност и изјавува дека истите се вистинити и веродостојни. Во спротивно тој е согласен дека неговиот кориснички налог може да биде избришан.
§ Употреба на Платформата
За да се овозможи пристап кон TechPack платформата, Корисниците се должни да ги внесат задолжителните податоци, кои се потребни со цел овозможување на користење на услугата.
А) Додавање на зделки
Во насока на овозможување на поддршка за дигитализација на микро, малите и средните претпријатија Платформата им нуди на стартапите и ИКТ компаниите – Корисници да додаваат Зделки на начин и под услови како што е опишан согласно овие Услови за користење.
Додавањето на зделки се врши при регистрација на самата Платформа и преку копчето насловено „Додади зделка“ кое е лесно достапно во веќе постоечкиот кориснички налог.
При додавањето на зделка Корисникот е должен да го определи насловот на зделката, да прикачи слика и да достави краток опис од зделката.
Сите зделки кои не ги исполнуваат условите од овие Услови за користење ќе бидат одбиени од страна на Администраторот. Единствено зделки кои ги исполнуваат тука пропишаните услови ќе бидат одобрени и прикажани на Платформата.
Б) Едукација за користење на Дигитални решенија
Корисниците кои прикачуваат зделки на платформата се должи да достават и прикачат видео во општо прифатлив формат со кое ќе создадат работилници/вебинари и/или обуки во насока на објаснување на начинот на кој Корисникот може да ја користи зделката.
Содржината на претходно наведените видеа ќе биде направена на македонски јазик.
Сите видеа кои не ги исполнуваат условите од овие Услови за користење ќе бидат одбиени од страна на Администраторот. Единствено видеа кои ги исполнуваат тука пропишаните услови ќе бидат одобрени и прикажани на Платформата.
§ Исклучување од одговорност
Стартап Македонија е само фасилитатор помеѓу понудата на бесплатна поддршка преку алатки и услуги и побарувачката на истите. Стартап Македонија не гарантира за квалитетот на истите, ниту гарантира за успешна реализација на обврските од страна на понудувачот на алатки или услуги.
Стартап Македонија овозможува користење на платформата со цел на едно место да можат да се најдат бесплатни алатки и услуги од страна на локални стартап компании. Улогата на Стартап Македонија е единствено преку овозможување на прикачување на понудата и известување на понудувачот во врска со заинтересирани корисници.
§ Интелектуална сопственост
Интелектуалната сопственост како што е дефинирана во делот§ Дефиниции е во исклучива сопственост на TechPack. Забрането е какво било прекршување на интелектуалната сопственост на TechPack, во спротивно TechPack го задржува правото да го избрише Корисникот кој постапил спротивно на оваа забрана како и да бара заштита на своите права и интереси пред стварно и месно надлежен суд.
Сите сегашни и идни права во врска со интелектуалната сопственост, вклучувајќи ги иновациите, подобрувањата, трговските марки, дизајните, текстот или какви било други кореспондирачки права од законите на која било јурисдикција каде што оперира Платформата, како и правата во врска со деловните тајни, тајните процеси, know-how, компјутерски код, концепти, идеи, информации, процеси, податоци, формула и работен производ кој ќе произлезат од Платформата претставува ексклузивна сопственост на TechPack.
Интелектуалната сопственост која извира од зделките прикажани на Платформата не претставува сопственост на TechPack. Ние не можеме да бидеме должни за проверување дали Корисникот е навистина сопственик на таквата интелектуална сопственост. Зделките, сликите и видеата прикачени од страна на Корисникот ќе се сметаат за негова сопственост сѐ доколку не се докаже спротивното. Корисникот со прикажување на неговата интелектуална сопственост на Платформата се согласува да му дозволи на TechPack таквите содржини како зделки, слики и видеа да ги рекламира на социјалните медиуми под сопствени или партнерски канали.
§ Кодекс на однесување
Користењето на Платформата мора да биде во согласност со Условите за користење. Доколку однесувањето на Корисникот е причина поради која на друг му се попречува или забранува користењето на оваа Платформа, TechPack ќе пристапи кон ограничување на пристапот и користењето на Платформата на виновната страна.
Поставувањето на каква било содржина на Платформата која:
Ø Ги крши позитивните закони на Република Северна Македонија, вклучувајќи, но не ограничено на: Законот за облигационите односи, Законот за заштита на заштита на личните податоци и слично;
Ø Содржи лични податоци, освен ако истите јасно не се побарани од страна на Платформата;
Ø Содржи информации или производи кои се несоодветни, претставуваат измама или фалсификувани податоци;
Ø Содржина е заштитена со авторски права, трговска марка иликој било друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречна согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост;
§ Вашата приватност
Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве оxрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Услови на употреба, а истата може да ја пристапите ТУКА. [да се линкува].
§ Електронска комуникација
Кога ја користите Платформата или испраќате електронски (е-маил) пораки до TechPack, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на Платформата. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.
Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.
§ Прибирање на информации
TechPack го задржува правото да ги прибира и обработува информациите согласно Политиката на приватност.
За подетални информации во врска со прибирањето на податоци го замолуваме Корисникот да се консултира со Политиката на приватност на TechPack.
§ Виша сила
TechPack нема да се смета за одговорен за функционирањето на сајтот во согласност со овие Услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од:
Ø временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, војна, тероризам, граѓански нереди или револуции,
Ø ембарго или карантин,
Ø штајкови,
Ø грешка или прекин на компјутерски хардвер, мрежи или софтвер.
§ Завршни одредби
TechPackПлатформата е сопственост на Асоцијација Стартап Македонија Скопје и истата е создадена преку предизвикот “Креатон” објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.
За повеќе детали пишете ни на: info@techpack.mk
Политика на приватност
Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информации што „TechPack“ ги собира од нив.
За приватност, „TechPack“ ги објаснува видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб-страницата, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, тука се одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации. Оваа Политика е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.
Кои лични податоци ги обработуваме?
Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашата интернет страници, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на интернет страниците. Вашите лични податоци ги обработуваме само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашите интернет страница заради користење на наши услуги.
Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон.
Што правиме ние за да ги заштитиме вашите информации?
Работењето и постапувањето на „TechPack “ во однос на заштитата на личните податоци на нашите клиенти е целосно усогласено со прописите за заштита на личните податоци во РСМ. Тоа подразбира целосно воведен систем на технички и организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци.
Кои се Вашите права?
Доколку сте регистрирани на нашите интернет страници, врз основа на Ваше писмено барање имате право:
- да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и/или
- да пристапите до Вашите лични податоци и
- да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.
Промени во Политиката за приватност
Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме на оваа веб- страница
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, Корисникот се сложува со одредбите од Политиката за приватност на личните податоци на страницата.
Контакт
Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на е-адресата info@techpack.mk Притоа, вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.