Автоматско тагирање за е-продавници за мода
Искористи го автоматското тагирање и менаџментот на база на податоци за подобра продажба на модни производи како облека, модни додатоци и слично.
Бесплатно користење на Pixyle.ai за време на вонредната состојба и еден месец по нејзиното завршување.
Pixyle.ai е основано со целта преку користење на вештачката интелигенција да се подобри онлајн купувачкото искуство на корисници кои поминуваат премногу време и вложуваат премногу труд за пребарување на артикли на интернет продавници. Вештачката интелигенција помага со заштедата на време. Нашата мисија е да го изградиме најточното светско решение за вештачка интелигенција кое визуелно ќе им помага на препродавачите на модни артикли најдобро да ги претстават своите производи пред нивните клиенти.